Во Интернистички центар ЕНДОВИТА вечерва официјално е отворен на новиот современ медицински центар, лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид.

Станува збор за здравствена установа која означи почеток на ново поглавје во интерната медицина, со силен фокус на хуманост, професионалност и индивидуален пристап кон пациентите.

Од центарот истакнаа дека пациентите ќе добијат целосна грижа – од внимателен пристап и време за разговор, до емпатија, разбирање и современ персонализиран третман. „Вашето здравје е наша грижа“ е пораката со која Интернистичкиот центар „Ендовита“ ја започна својата мисија, темелена врз принципите на медицинска етика, искрен однос со пациентите и градење доверба.

Центарот располага со стручен тим составен од врвни специјалисти и медицински персонал, како и со современа и технолошки напредна опрема, усогласена со модерните медицински стандарди.

Во рамки на својата работа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои интернистички прегледи, ендоскопија, гастроскопија и колоноскопија, ЕХО дијагностика и спирометрија.

Со јасно дефинирана цел – успешно лекување на пациентите и подобрување на нивното здравје – Интернистичкиот центар „Ендовита“ има амбиција да се позиционира како сигурна и доверлива медицинска дестинација во Охрид и регионот.

Анемија и 7 природни начини за нејзино надминувањеЗдравјеИсхрана

Анемија и 7 природни начини за нејзино надминување

redakcijaredakcijaавгуст 6, 2026
Што е епигенетика и зошто би требало да ве интересира?Здравје

Што е епигенетика и зошто би требало да ве интересира?

redakcijaredakcijaавгуст 11, 2026
Куркумата – природен сојузник за здравјетоИсхрана

Куркумата – природен сојузник за здравјето

redakcijaredakcijaаприл 15, 2026