Витаминот Д игра исклучително важна улога во организмот. Човечкото тело го користи за апсорпција на минерали, како што се калциумот и фосфорот, што придонесува за цврстината на забите и коските.

Понатаму, витаминот Д го поддржува здравјето на мускулите и нервите, како и на имунолошкиот систем. Може да се обезбеди преку изложување на кожата на сончева светлина, или пак преку консумирање јајца, масна риба и намирници збогатени со витамин Д, како што се одредени житарки или млеко.

Кога постои потреба од зголемен внес на витамин Д?

Foods containing vitamin D on a wooden background. View from above

Постојат неколку ситуации во кои е потребен зголемен внес на витамин Д, што најчесто се постигнува преку употреба на додатоци во исхраната:

Кога не сте доволно изложени на сонце.

Кога не внесувате доволно од овој витамин преку храната – што е почест случај кај веганите или кај луѓето кои не консумираат млечни производи.

Кога витаминот Д не се апсорбира правилно или кога телото пребрзо го елиминира поради одредени здравствени состојби.

Луѓето со потемна боја на кожата се поподложни на недостаток на витамин Д, бидејќи потемната кожа има природна заштита од сонцето, поради што е потребно подолго изложување на сончева светлина за да се синтетизира овој витамин.

Симптомите на ниско ниво на витамин Д вклучуваат:

Бавно зараснување на рани (особено кај изгореници)

Остеопороза

Болки во мускулите

Рахитис

Остеомалација

Други болести и состојби

Кај лицата со ниско ниво на витамин Д е забележано значително побавно зараснување на раните. Ова особено важи за оние кои се здобиле со изгореници.

Дури една третина од жените на возраст од 60 до 70 години, како и две третини од оние над 80 години, страдаат од остеопороза. Иако за развојот на остеопорозата придонесуваат многубројни фактори, еден од нив е и недостатокот на витамин Д. Ваквиот недостаток ја попречува способноста на телото да ги искористи минералите неопходни за одржување на цврстината на коските.

Во контекст на остеопорозата, ова се манифестира преку зголемување на природните шуплини во коските, што ги прави тие попропустливи (порозни) и поподложни на фрактури.

Лицата кои чувствуваат болка и слабост во мускулите и коските често имаат недостаток на витамин Д. Кај постарите лица, мускулната слабост дополнително го зголемува ризикот од падови и скршеници на коските.

Иако рахитисот е многу ретка појава во западниот свет во 21-от век, тој може да се појави кај доенчиња чии мајки имале ниско ниво на витамин Д за време на бременоста.

За разлика од рахитисот, кој првенствено ги погодува децата, остеомалацијата може да се јави во зрелоста. Дури и откако ќе престане растот на коските, витамин Д останува неопходен за нивно одржување и обновување, помагајќи им да се опорават од секојдневните оптоварувања на кои се изложени. Долготрајниот недостаток на витамин Д доведува до омекнување и слабеење на коските, што може да резултира со скршеници – најчесто во пределот на колкот.

Постојат значителни докази кои го поврзуваат ниското ниво на витамин Д со дијабетес (тип 1 и тип 2), висок крвен притисок, мултипле склероза и одредени видови на рак.

Кој е изложен на посебен ризик од ниско ниво на витамин Д?

Во групите со посебен ризик од ниско ниво на витамин Д спаѓаат:

Доенчиња кои се дојат

Луѓе со цревни заболувања

Луѓе кои имаат направено операција за гастричен бајпас

Лица со дебелина

Foods rich in vitamin D. Healthy eating

Доколку мајката што дои не зема додаток на витамин Д, нејзиното мајчино млеко често нема доволно количество од овој витамин, што ги изложува доенчињата на ризик. Всушност, рахитисот најчесто се јавува токму кај оваа група. Според експертите, на доенчињата што се дојат им се потребни 400 IU (интернационални единици) витамин Д дневно.

На телото му се потребни масти за да може да го искористи витаминот Д. Воспалителните болести на цревата и другите цревни состојби – како што се целијакијата или цистичната фиброза – ја попречуваат апсорпцијата на мастите. Следствено, потребен е значително поголем внес на витамин Д за да се обезбеди негова соодветна апсорпција.

Гастричниот бајпас е хируршка процедура при која се отстранува дел од желудникот или цревата (понекогаш и двете) со цел да се постигне чувство на ситост побрзо и да се намали вкупниот внес на калории. По операцијата, апсорпцијата на одредени хранливи материи – како што се витаминот Б12, бакарот, цинкот, калциумот и витаминот Д – често е нарушена. Поради ова, лекарите во вакви случаи речиси рутински препорачуваат земање додатоци на витамин Д.

Ако вашиот индекс на телесна маса (ИТМ) изнесува 30 или повеќе, спаѓате во категоријата лица со дебелина и сте изложени на висок ризик од ниско ниво на витамин Д. Во вакви случаи, вишокот телесни масти „заробува“ одредено количество витамин Д и го менува начинот на кој тој циркулира низ крвотокот. Намалувањето на вишокот килограми, промената на животните навики и земањето витамин Д како додаток во исхраната можат да помогнат во оваа ситуација.

Нивото на витамин Д можете да го проверите преку крвни анализи; доколку се утврди недостиг, консултирајте се со вашиот лекар за препорачаните додатоци и соодветната доза.

Wolt пристигна во Охрид: Достава од Канео до ДалјанИсхрана

Wolt пристигна во Охрид: Достава од Канео до Далјан

redakcijaredakcijaјуни 5, 2026
Креатин – за што се користи, како делува и за кого е наменет?ЗдравјеИсхранаСуплементи и Рецензии

Креатин – за што се користи, како делува и за кого е наменет?

redakcijaredakcijaоктомври 29, 2026
Запознајте се со пирамидата за хидратација – каде се наоѓаат овошните сокови?ЗдравјеИсхрана

Запознајте се со пирамидата за хидратација – каде се наоѓаат овошните сокови?

redakcijaredakcijaјуни 29, 2026