Специјалистичкиот стоматолошки центар „Д-р Мојсоска“ во Охрид продолжува со вложувања во современа медицинска технологија, со цел унапредување на стоматолошките услуги и подобрување на искуството на пациентите.

Од центарот информираат за инсталирање нова опрема, што претставува уште еден чекор во модернизацијата на стоматолошката практика.
Стоматолошкиот центар „Д-р Мојсоска“, кој работи од 2004 година, обезбедува услуги од областа на ортодонцијата, оралната хирургија, имплантологијата и естетската стоматологија.

Континуираното инвестирање во технологија, во комбинација со стручноста на медицинскиот тим, е дел од определбата на центарот за примена на современи методи во стоматолошкото лекување.




