Во денешниот современ начин на живот, црниот дроб стана еден од најизложените органи во нашето тело, а истовремено служи и како главен орган за прочистување на организмот.

Сепак, најновите сознанија за функцијата на црниот дроб потекнуваат од истражување објавено во списанието *BMC Public Health*, кое открива дека консумирањето кафе – без разлика дали содржи кофеин или е без него – е поврзано со намален ризик од развој на хронично заболување на црниот дроб и поврзани оштетувања.

Колку кафе треба – или би можеле – да пиете дневно за да бидете сигурни дека тоа делува благотворно, а не штетно?

Истражувачи од универзитетите во Саутемптон и Единбург во Обединетото Кралство открија дека консумирањето каков било вид кафе е поврзано со намален ризик од појава и смртност од хронично заболување на црниот дроб, во споредба со неконсумирањето кафе. Понатаму, тие заклучија дека најголеми придобивки се постигнуваат со консумирање на три до четири шолји кафе дневно.

Авторите анализираа податоци од „UK Biobank“ за 495.585 учесници кои консумирале кафе; тие биле следени речиси 11 години за да се набљудува развојот на хронично заболување на црниот дроб и поврзаните оштетувања на овој орган.

„Кафето е широко достапно, а придобивките забележани во нашата студија сугерираат дека тоа би можело да се користи како превентивна мерка против хронично заболување на црниот дроб. Ова би можело да биде особено значајно за земјите со ниски приходи и ограничени здравствени ресурси, каде што стапката на хронични заболувања на црниот дроб е висока“, истакна д-р Оливер Кенеди, водечкиот автор на студијата.

Од учесниците во студијата, 78 проценти консумирале мелено или инстант кафе – со или без кофеин – додека 22 проценти не пиеле кафе. Во текот на студијата биле регистрирани 3.600 случаи на хронично заболување на црниот дроб, вклучително и 301 смртен случај.

Понатаму, биле регистрирани 5.439 случаи на хронично заболување на црниот дроб или стеатоза (замастен црн дроб), како и 184 случаи на хепатоцелуларен карцином, вид на рак на црниот дроб.

Во споредба со оние што не пијат кафе, кај лицата што консумираат кафе бил забележан 21 процент помал ризик од хронично заболување на црниот дроб, 20 проценти помал ризик од хронично заболување на црниот дроб или замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт предизвикана од хронично заболување на црниот дроб.

Кое кафе е најефикасно?

Најголема корист беше забележана кај групата што консумираше мелено кафе, кое содржи високи нивоа на соединенијата кафестол и кавеол. Познато е дека тие се борат против хроничните заболувања на црниот дроб кај животните.

Инстант-кафето, кое содржи ниски нивоа на кафеол и кафестол, исто така се поврзува со намален ризик од хронично заболување на црниот дроб. Иако намалувањето на ризикот е помало отколку кај меленото кафе, истражувањата укажуваат на тоа дека другите компоненти на инстант-кафето – или евентуално комбинацијата од состојки – имаат корисно дејство.

wish.hr

Неколку докажани растенија и билни рецепти за вашата кожаЗдравје

Неколку докажани растенија и билни рецепти за вашата кожа

redakcijaredakcijaавгуст 29, 2026
Горчливо, но толку вкусно – сите придобивки од грејпфрутотЗдравјеИсхрана

Горчливо, но толку вкусно – сите придобивки од грејпфрутот

redakcijaredakcijaмај 5, 2026
Црешите го поттикнуваат производството на колаген и претставуваат глобален тренд во козметиката против стареењеЗдравјеИсхрана

Црешите го поттикнуваат производството на колаген и претставуваат глобален тренд во козметиката против стареење

redakcijaredakcijaавгуст 25, 2026