Во Интернистички центар ЕНДОВИТА вечерва официјално е отворен на новиот современ медицински центар, лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид.

Станува збор за здравствена установа која означи почеток на ново поглавје во интерната медицина, со силен фокус на хуманост, професионалност и индивидуален пристап кон пациентите.

Од центарот истакнаа дека пациентите ќе добијат целосна грижа – од внимателен пристап и време за разговор, до емпатија, разбирање и современ персонализиран третман. „Вашето здравје е наша грижа“ е пораката со која Интернистичкиот центар „Ендовита“ ја започна својата мисија, темелена врз принципите на медицинска етика, искрен однос со пациентите и градење доверба.

Центарот располага со стручен тим составен од врвни специјалисти и медицински персонал, како и со современа и технолошки напредна опрема, усогласена со модерните медицински стандарди.

Во рамки на својата работа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои интернистички прегледи, ендоскопија, гастроскопија и колоноскопија, ЕХО дијагностика и спирометрија.

Со јасно дефинирана цел – успешно лекување на пациентите и подобрување на нивното здравје – Интернистичкиот центар „Ендовита“ има амбиција да се позиционира како сигурна и доверлива медицинска дестинација во Охрид и регионот.

3 супер здрави домашни лекови што треба да ги земаме секој денЗдравјеИсхрана

3 супер здрави домашни лекови што треба да ги земаме секој ден

redakcijaredakcijaмај 17, 2026
Магнезиумот и неговата нова примена за совршен тенЗдравјеИсхрана

Магнезиумот и неговата нова примена за совршен тен

redakcijaredakcijaавгуст 9, 2026
Топ 10 намирници со највисока содржина на антиоксидансиЗдравјеИсхрана

Топ 10 намирници со највисока содржина на антиоксиданси

redakcijaredakcijaоктомври 19, 2026