Во Интернистички центар ЕНДОВИТА вечерва официјално е отворен на новиот современ медицински центар, лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид.

Станува збор за здравствена установа која означи почеток на ново поглавје во интерната медицина, со силен фокус на хуманост, професионалност и индивидуален пристап кон пациентите.

Од центарот истакнаа дека пациентите ќе добијат целосна грижа – од внимателен пристап и време за разговор, до емпатија, разбирање и современ персонализиран третман. „Вашето здравје е наша грижа“ е пораката со која Интернистичкиот центар „Ендовита“ ја започна својата мисија, темелена врз принципите на медицинска етика, искрен однос со пациентите и градење доверба.

Центарот располага со стручен тим составен од врвни специјалисти и медицински персонал, како и со современа и технолошки напредна опрема, усогласена со модерните медицински стандарди.

Во рамки на својата работа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои интернистички прегледи, ендоскопија, гастроскопија и колоноскопија, ЕХО дијагностика и спирометрија.

Со јасно дефинирана цел – успешно лекување на пациентите и подобрување на нивното здравје – Интернистичкиот центар „Ендовита“ има амбиција да се позиционира како сигурна и доверлива медицинска дестинација во Охрид и регионот.

Гинко билоба е растение создадено за модерното времеЗдравјеИсхрана

Гинко билоба е растение создадено за модерното време

redakcijaredakcijaавгуст 27, 2026
Сенф за зголемување на мускулната масаЗдравјеИсхрана

Сенф за зголемување на мускулната маса

redakcijaredakcijaмај 12, 2026
Откријте ги сите придобивки од кокосовото млеко и рецепти за негова домашна подготовкаЗдравјеИсхрана

Откријте ги сите придобивки од кокосовото млеко и рецепти за негова домашна подготовка

redakcijaredakcijaјуни 26, 2026