Овој пат, се свртуваме кон Јапонците за да дознаеме повеќе за матчата – традиционален зелен чај во форма на ситно мелен прав за кој сигурно сте слушнале; но дали знаете како да ја изберете и подготвите за максимално да ги искористите нејзините придобивки за вашето тело?
Матчата – церемонијален чај кој мора да биде со врвен квалитет за да ја исполни својата цел и улога во унапредувањето на здравјето – традиционално се подготвува според утврдени правила. Овој процес на подготовка, послужување и консумирање е внимателно осмислен и кај оној што го пие чајот поттикнува состојба на медитација, истовремено нудејќи бројни здравствени придобивки, како што се антиоксидативното дејство и ефектот против стареење.
Без разлика дали веќе сте љубител на матча или се среќавате со неа за првпат, од клучно значење е да изберете висококвалитетен матча-прав; како најмоќен чај во светот, тој мора правилно да се подготви за да се открие неговиот полн потенцијал.

Затоа, следниот пат кога ќе избирате мача, погрижете се да обрнете внимание на следново:
1. Бојата мора да биде живописна зелена
Бојата е главниот показател за квалитетот на мачата. Таа треба да биде со речиси „електрична“ зелена нијанса, богата со хлорофил и други хранливи материи. Ако правот е жолтеникаво-зелен, бледозелен или сивкаст, станува збор за мача со слаб квалитет. Ова се случува поради несоодветни методи на берба или прекумерна изложеност на сонце, што предизвикува чајот да ги изгуби својата моќност и боја.
2. Вкусот мора да биде кремаст и благо сладок
Мачата секако има интензивен вкус – благо горчлив, но не претерано. Има кремаста текстура и е донекаде послатка од обичниот зелен чај; може да почувствувате ноти на свежо исечена трева, особено кога користите поголеми количини прав. Мачата со слаб квалитет можете да ја препознаете по остра горчина, мирис на риба или солена заднина.
3. Мачата мора да биде соодветно спакувана
Бидејќи мачата е всушност „жив“ прехранбен производ, потребно е соодветно пакување за да ги задржи својата хранлива вредност и антиоксидантна моќ. Ако се продава во пластична кеса или проѕирна фолија, не е соодветно складирана. Барајте мача спакувана во лимени кутии или садови непропустливи за светлина; во спротивно, таа ќе избледи и ќе се расипе.
4. Најдобрата мача доаѓа од Јапонија
Кога правите избор, проверете ја земјата на потекло. Овде важи истото правило како и за виното – местото каде што се одгледуваат листовите е од големо значење. Мачата главно се произведува во Јапонија – каде што се одвива дури 80% од вкупното производство – во регионите Уџи, Кјото, Нишио и Аичи.
5. Во овој случај, подобро е да изберете – поскапа
За да се добие најдобрата можна верзија на матча-правта, потребен е долг и прецизен процес на производство. Се разбира, тоа влијае на цената, иако таа не е превисока. Со оглед на споменатите фактори, очекувајте да платите малку повеќе за матча-прав со врвен квалитет.
На прв поглед можеби изгледа како висока цена, но бидејќи една порција изнесува само половина кафена лажичка, производот ќе трае подолго од другите напитоци со иста тежина.
За да ги постигнете најдобрите резултати – вклучувајќи ја фокусираноста и будноста во комбинација со чувство на смирена подготвеност – одберете ја вашата матча-прав врз основа на овие совети и сигурно нема да погрешите. За да го зачувате квалитетот на чајот, чувајте го во фрижидер откако ќе го отворите и уживајте во неговата подготовка секој ден.
wish.hr




