За пациентите со хронично бубрежно заболување, изборот на центар за дијализа е една од најважните одлуки што директно влијае врз нивното здравје, квалитетот на живот и секојдневното чувство на сигурност. Токму затоа, Нефро Плус претставува современ центар кој нуди врвна медицинска грижа, најсовремени услови и комплетна поддршка за пациентите – без никакви дополнителни трошоци.

Вака изгледаат просториите за дијализа во Нефро Плус. Удобност, комфор, хигиена, климатизација и љубезност, без никаква доплата и дополнителен трошок.

Она што многумина не го знаат е дека Нефро Плус има склучен договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што значи дека пациентите кои ќе изберат да ја вршат својата дијализа во Нефро Плус не плаќаат и не треба да платат ништо дополнително приватно. Третманот е целосно покриен од Фондот, исто како и во установите од јавното здравство.

Подобар и поквалитетен хемодијализен третман , подобри услови – без дополнителна доплата и приватни финансиски трошоци .

Иако станува збор за модерен приватен центар, пациентите не сносат дополнителни финансиски обврски. Напротив, добиваат услови и услуги кои се значително повисоки од вообичаените стандарди.

Најмодерна опрема за дијализа. Во Нефро Плус го имаат и апаратот 6008 кој е последниот збор на технологијата кога стануваа збор за овој вид на медицински третмани.

Во Нефро Плус пациентите се лекуваат во современо опремен и климатизиран простор, со најнова медицинска апаратура и технологија , беспрекорна хигиена, комфорна атмосфера и постојана грижа од искусен лекарски тим на нефролози и специјалисти интернисти како и професионален, љубезен медицински персонал. Целта е секој пациент да добие безбедна, квалитетна и достоинствена здравствена услуга според највисоките европски и светски стандарди.

НЕФРО ПЛУС го има есенцијалниот лек ЕРИТРОПОЕТИН кој пациентите го добиваат за време на хемодијализниот третман без да го обезбедуваат и купуваат приватно.

Една од значајните предности е што во Нефро Плус е достапен лекот ЕРИТРОПОЕТИН кој е неопходен за пациентите на дијализа , без да имаат потреба сами да го купуваат. Овој лек, според достапноста во практиката, не е обезбеден во одредени установи од јавното здравство, што претставува дополнителна придобивка за пациентите кои се лекуваат во Нефро Плус.

Сè на едно место – без чекање и без шетање по различни установи.

Во Нефро Плус пациентите може да ги направат сите потребни анализи и здравствени прегледи од анализи на крв, до најсовремени дијагностички процедури без да мора да одат на повеќе места, во повеќе лаборатории или болници и без да се излагаат на дополнителни трошоци и губење време.

Пациентите во Нефро Плус немаат потреба да посетуваат различни институции , лаборатории или специјалистички ординации за неопходните лабораториски испитувања и консултации бидејки во рамите на услугата добиваат редовни месечни/тирмесечни/шестмесечни лабораториски испитувања и анализи за кои исто така не треба да доплаќаат. Центарот располага со потребната опрема и медицински капацитет за извршување на сите неопходни крвни анализи и прегледи на едно место, што значително го олеснува лекувањето и го намалува стресот кај пациентите.

Нефроплус исто така во рамките на Хемодијализниот треман обезбедува Организиран превоз за пациентите од дома до центарот за дијализа и назад до дома , за кој исто така трошоците се покриени и  пациентите не треба да плаќаат или доплаќаат овозможувајќи им на пациентите редовно и навремено да ги добиваат своите третмани без дополнителен товар.

Кога здравствената грижа е на прво место

Нефро Плус не нуди само дијализа – нуди целосен пристап кон пациентот. Комбинацијата од современа технологија, искусен медицински кадар, индивидуален пристап, максимална хигиена, комфор и организација на сите потребни услуги на едно место создава услови кои се меѓу најдобрите во државата регионот и пошироко.

Најважно од сè е што пациентите не плаќаат ништо. Благодарение на МЗ  , Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Нефроплус , добиваат квалитетна услуга  достапна без дополнителни трошоци, со исто финансиско покритие како и во јавните здравствени установи.

Доколку вие или член од вашето семејство сте на дијализа, јавете се na 071 253 127  и посетете го цeнтaрот за дијализа НЕФРОПЛУ ОХРИД 15 ти корпус ББ (веднаш до продажниот салон на Нептун)  и информирајте се за можностите што ги нуди Нефро Плус. Изберете современи услови, врвна медицинска грижа и достоинствен третман – без дополнително финансиско оптоварување.

www.nefroplus.mk 

Телефони за контакт 046/261 524 071/348 336 071/253127

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Зошто не слабееш иако вежбаш?Фитнес и Слабеење

Зошто не слабееш иако вежбаш?

redakcijaredakcijaаприл 10, 2026
Што да се јаде за време на менопаузата?ЗдравјеИсхрана

Што да се јаде за време на менопаузата?

redakcijaredakcijaјули 14, 2026
Како да започнеш со здрава исхрана (почетнички водич)Исхрана

Како да започнеш со здрава исхрана (почетнички водич)

redakcijaredakcijaаприл 11, 2026