Млада коприва може да се најде на пазарите, а доколку случајно наидете на оваа корисна и лековита билка, наберете неколку млади листови, додајте неколку едноставни состојки како лимон или банана и ќе добиете неверојатно хранливо, вкусно и здраво зелено „победничко“ смути!

Состојки за смути од коприва

200 мл вода

1 грст листови од коприва

1 банана

Сок од 1/2 лимон

Сок од 1 портокал

Подготовка на зеленото смути

Ставете ги измиените листови од коприва во блендер, додајте малку вода и добро изблендирајте.

Додајте ја бананата, преостанатата вода и свежо исцедениот сок од лимон и портокал. Уште еднаш добро изблендирајте сè заедно и уживајте!

Откријте повеќе тајни за копривата и одлични рецепти со оваа здрава зелена билка ОВДЕ

Коприва: природен лек во многу домашни рецепти

Чорба од коприва по рецепт на баба: ризница на здрави вкусови

Широки тестенини со коприва во сос од три вида сирење и вргањ

Крем-супа од коприва

Сладок совет

Ако е можно, задолжително додајте грст свежо шумско овошје – како капини или боровинки – во смутито.

wish.hr

Што е епигенетика и зошто би требало да ве интересира?Здравје

Што е епигенетика и зошто би требало да ве интересира?

redakcijaredakcijaавгуст 11, 2026
Зошто никогаш не треба да мешаме овошје и зеленчукЗдравјеИсхрана

Зошто никогаш не треба да мешаме овошје и зеленчук

redakcijaredakcijaсептември 4, 2026
Чудото наречено лукЗдравјеИсхрана

Чудото наречено лук

redakcijaredakcijaавгуст 12, 2026