Дејв Паско има 63 години поранешен архитект и инжинер , стана едно од најпознатите имиња во светот на биохакирањето отккако тврди дека неговата биолошка возраст е 37,95 години.
Паско кој се најде меѓу водечките на листата „Rejuvenation Olimpics “- натпревар на луѓе што најбавно стареат – вели дека успеал значително да го намали стареењето без да троши милиони , како некои познати биохакери.
Неговата стратегија се базира на строга дневна рутина која вклучува интензивно вежбање, прецизна исхрана, следење на сонот и голем број суплементи.

Секој ден вежба за да ја подобри регулацијата на шеќерот и инсулинот и да помогне во елиминација на клеточен отпад. Неговата рутина вклучува кардио на мини трамболина , истегнување, масажа со ваљак, велосипедски спринтови, трчање и тренинг за сила.
Во исхраната строго избегнува рафиниран шеќер, преработена храна и транс-масти, а се фокусиран на органска и интегрална храна богата со антиоксиданси.
Неговото дневно мени вклучува зелени смутиња со спанаќ, кељ и авокадо, протеински извори како јајца, овошје, за ручек а анвечер немасно месо или риба со големи количини зелен лиснат зеленчук и интегрални житарки.

Паско секојдневно зема повеќе од 120 суплементи , меѓу кои аминокиселини и додатоци богати со витамини и антиоксиданси.
Дополнително големо внимание посветува и на спиењето – цели кон осум часа квалитетен сон , користи биометриски уреди за следење на спиењето , очила против сина светлина и разни терапии за релаксација.
Во својата рутина вклучува инфрацрвена сауна, хипербарична кислородна терапија ки други методи за побрз опоравак и намалување воспаленија.



